| Греење:
Централно греење (ѕидно и подно греење)
Греење на електрична енергија
Греење на тврдо гориво
Греење на течно гориво
Греење на природен гас
Греење со клима уред
Климатизација:
Најчести прашања за клима-уредите
Кој клима уред да се избере?
Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат
Совети за разладување на домот
Разладете ја вашата куќа и без клима уред
Инвертер – усовршен клима уред
Клима уред со јонизатор
Капацитет на клима уред изразен во BTU
Каде да се постави клима уредот?
Редовни сервиси на клима уредот
Најчести дефекти кај клима уредот
Идеална температура во спалната соба
Вентилатор или клима уред?
|
|  |
| Најчести прашања за клима-уредите
1. Зошто во лето протекува вода од внатрешната, а во зима од надворешна единица на клима-уредот?
Водата всушност претставува кондензат кој се создава на студените делови на клима-уредот. Во лето кога клима-уредот се користи за ладење, внатрешната едниница е студена, па во неа се кондензира влагата од воздухот, а во зима, кога клима-уредот се користи за греење, надворешната единица е студена, па во влажните денови почнува од неа да прокапува вода. Вкупното количеството на вода кое ќе прокапе зависи од влагата во воздухот и од моќноста на уредот, па така во во лето може да изнесува и до 2 литри на час.
2. Зошто клима-уредот кога се користи за греење понекогаш престанува со работа и прави карактеристичен звук?
Тоа се случува во моментот кога климата е во режим на одледување – т.н. дефрост. Тоа е нормален циклус до кој доаѓа кога надворешните температури се ниски и кој служи да се ослободи надворешната единица од евентуален лед кој на неа се насобрал. Обично трае 3-4 минути и се повторува на еден час, но сепак ова зависи од моделот и квалитетот на клима уредот.
3. Која е разликата меѓу класичен клима-уред и инвертер?
Инвертер е клима-уред кој има електронски управуван компресор, со што е овозможено електронско управување на бројот на вртежите и притисоците со кои работи. За разлика од класичните клима-уреди, кај кои се подесува зададена температура која понатаму е температура според која термостатот исклучува и вклучува, инвертерот работи на повеќе режими, па така како се приближува до посакуваната температура, се намалува притисокот во компресорот и потрошувачката на електрична енергија. На тој начин се добива и до 30% поекономична работа, а и помало оптоварување на електричната инсталација поради постојаното вклучување и исклучување на компресорот.
4. Зошто од внатрешната единица на клима-уредот се слуша повремено пуцкање?
Ова се случува поради дилатација на пластиката. Кога клима уредот ќе ја постигне зададена температура, само надворешната единица престанува со работа, а внатрешната продолжува да го рециркулира воздухот. Со промена на температурата на куќиштето, доаѓа до ширење или стеснување на пластиката што произведува карактеристичен звук.
5. Зошто понекогаш клима-уредот има непријатен мирис?
Причината може да се најде во бактериите кои преку лето се насобрале на испарувачот, по што треба испарувачот да се дезинфицира.
|
|