Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Кој клима-уред треба да се избeре?



Приоритет при изборот на соодветен клима-уред е односот на моќноста и ефикасноста, односно: што е подобро избран клима-уредот – толку подобро просторот ќе биде разладен со минимални трошоци. Постојат неколку критериуми кои треба да се разгледаат при избор на клима-уредот:


Прв критериум: намена и форма на просторот

Прво што треба да се увиди е формата на просторот – на пример, во стан со многу соби нема да може да се климатизира целиот стан со еден уред, туку ќе може да се климатизираат само една или евентуално две соби.

Површината на стаклото и ѕидовите исто така има улога – пониските простории со помалку прозорци може да се климатизираат со послаб уред за разлика од ситуација кога треба да се климатизира повисок простор со многу прозорци.

Зачестеноста на отворање и затворање на вратата влијае на промената на температура во просторот. Доколку е поголема фрекфренцијата, ќе биде потребно помоќен клима-уред кој ќе го намали времето на повторно разладување на просторот по затворањето на вратата.

Секој човек во просторијата зрачи одредено количество топлина (преку телото и дишењето). Затоа просториите во која престојуваат повеќе лица треба да се разладуваат со помоќен клима-уред. Исто така предвид треба да се земат и уреди кои зрачат топлина во просторот (сијалици, апарати за домаќинство, телевозори...), а се наоѓаат во просторија која треба да се климатизира.


Втор критериум: големина на просторот

За поедноставен избор на клима уредот во зависност од површината и висината (односно внатрешниот волумен) на просторот може да се користи следната табела: Која клима одговара за вашиот простор?


Кој клима-уред треба да го изберете?
Моќност
2,5 kW 80 30
3,5 kW 120 45
4,5 kW 140 50
5,3 kW 180 65
7,0 kW 240 85


Трет критериум: климатска зона

Доколку живеете покрај езеро или море, во просториите кои се поблиску до поголеми водени површини ќе биде потребно да се земе предвид просечното количество на водена пареа во воздухот во текот на годината. Така на пример, мобилните клима-уреди кои имаат волумен на садот за кондензат со волумен кој изнесува околку 5 литри не се најпогодни за овие простори поради тоа што почесто ќе треба да се празнат.