Видови и особини на прозорците:

Вовед

Основни видови на прозорци

Основни функции на прозорецот

Споредба на материјалите на прозорците

Заштитни фолии за прозорци

Видови и особини на прозорците


4. Споредба на материјалите на прозорците

Постојат технички и еколошки разлики помеѓу дрвените, PVC-прозорците и прозорците кои се изработуваат како комбинација на дрво и метал. Некои од нив се следните:

Сопствена стабилност и механичка цвстина - дрвените прозорци и прозорците изработени од дрво/метал поседуваат стабилност на внатрешната конструкција и голема механичка цврстина. Рамките на PVC-прозорците по правило се засилуваат со челични профили поради тоа што синтетичките материјали под дејство на константно оптоварување се подложни на "попуштање". Затоа потребни им се појачувања кои ќе спречат прозорското крило да го изгуби првобитниот облик после подолго користење.

Надворешни деформации - можна е и појава на одредена надворешни деформации кај PVC прозорците и тоа под влијание на екстремни температури, а нивната појава зависи од квалитетот на самите PVC прозорци. Ако се случи деформација кај дрвените прозорци (попуштање на залепени дрвени слоеви) за краток временски период, тогаш овој случај подпаѓа под гаранција која е должен секој производител да ја даде.

Топлинска изолација - вредноста на топлинската изолација која ја имаат материјалите од кои се изработуваат прозорските рамки е важен фактор за вкупната потрошувачка на енергија за загревање. Квалитетно изведените дрвени (или дрво/метал) рамки покажуваат по правило најдобри карактеристики во поглед на топлинската изолација..

Постојаност на прозорците на штетни надворешни влијанијa - вреднувањето на одредени материјали од кои се изработуваат прозорските елементи во основа ја покажуваат отпорноста на овие материјали на надворешни штетни влијанија. Сите споменати материјали или во старт се заштитени од штетни надворешни влијанија или е можно дополнително да се заштитат (на пример, ставање заштитен премаз на рамките кај дрвените прозорци).

Отпорност на огин - во случај на контакт со огин дрвените прозорски елементи јагленизираат само на својата површина, стабилноста им е подолго време задржана, и не произведуваат многу чад; PVC профилите во контакт со огин ослободуваат отровни гасови (диоксин).

Можности за обликување на прозорците - PVC профилите ги одликува современ дизајн и привлечен изглед. Од друга страна дрвените прозорци допуштаат и традиционални и современи облици. И едните и другите прозорци овозможуваат прилагодување на современите објекти, односно фасадите.

 

..претходна