Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

5 "не" кај спалната соба


Дури и најуредените домови понекогаш кријат во себе скриена тајна - здодевна спална или спална во хаос. Бидејќи се работи за просторија која е подалеку од очите на јавноста, понекогаш за нејзино уредување се посветува најмало внимание. Тоа е грешка. Спалната соба треба да претставува наша оаза или парче од рајот каде ќе се ослободиме од дневниот стрес. Таа треба да биде убав, релаксирачки простор каде ќе му ја затвориме вратата на светот.




1. Не лудувајте со боите

Боите се моќно оружје во уредувањето и на спалната соба. Смирувачка, монохроматска палета со присуство на сенки овозможува опуштено расположение. Меката зелена, сината и бојата на лаванда создаваат чувство на смиреност и спокој, а богатите нијанси на кафена и темно црвена ја збогатуваат спалната со чувство на топлина. Но затоа светлите нијанси на црвена, жолта и портокалова сочувајте ги за други простории. Се што е живо и носи со себе пулсација го одбива релаксирачкото чувство кое сакаме да го создадеме во спалната


 


2. Не го занемарувајте таванот

Таванот во спалната соба направете го место каде ќе уживате со поглед во него со додавање на ситни детали кои ќе ги забележи окото. Тоа може да се постигне со нежна, суптилна шара или со нежна боја. Еден од триковите е да се обои таванот со посветла нијанса од бојата на ѕидовите (на пр. 20% посветла). Бојата истотака дава ефект на спуштање на таванот, како и чувство на конфор и интимност.

 

 

 


3. Не внесувајте преголеми парчиња мебел во спалната

Освен ако спалната не е многу голема, голем мебел е грешка. Премал мебел истотака може да биде проблем, бидејќи ќе се изгуби во просторот, а може и да не биде функционален. Креветот и наткасната до него треба да бидат пропорционални. За повисок кревет - повисока наткасна. За да не погрешите при изборот на мебел, имајте ги на ум димензиите на собата. Направете скица на спалната со отсекување на парчиња каде што ќе стојат парчињата мебел.


 


 

 

 

4. Не штедете на простор за чување на предметите

Постоењето на ваков мебел кој ќе ја врши улогата на разни масички, а ќе биде затскриен во собата внесува чувство на спокој во спалната. Еве неколку опции:

• изберете наткасни со вратички и фиоки каде ќе ги чувате списанијата, очилата за читање и сл.

• поставете сандак или наткасна до крајот на креветот каде можат да се држат перниците или постелнината

• вргадете полици во надглавието на креветот

• поставете вградени плакари во ѕидовите


 

5. Не ја пренатрупувајте спалната

Направете спалната соба да биде едноставна и спокојна. За помалите спални соби користете го само оној мебел кој ви е апсолутно потребен: кревет, наткасна, можеби фотеља и масичка. Кога го поставувате мебелот, направете да има најмалку 90 cm помеѓу креветот и ѕидот (или плакарот) и најмалку 60 cm помеѓу креветот и помалите парчиња мебел. Најдобрите патеки за движење во спалната не ги попречувајте. Ако треба да кружите при одење од бањата до плакарот, треба да размислите за поставување на креветот на друго место во спалната. Не претерувајте со бројот на останатите предмети (аксесоари). Нека бидат во склад со уредувањето на спалната.