
Влијанието на хромотерапијата и аромотерапијата врз психичкото и физичкото здравје на човекот е докажано.
Доколку сте љубител на одреден мирис, или во вашиот животен простор доминира одредена боја, еве неколку комбинации на бои и ароми кои си одговараат и се надополнуваат.
Доколку во просторијата преовладува зелената, боја на природната хармонија и свежината, совршено одговара ароматично масло од нане кое ќе внесе енергија во телото и бистрина во мислите.
За ѕидови со жолта боја одлично се сложуваат мириси на агруми, како лимон, портокал, цитрон.
За портокаловата боја, која буди оптимизам и позитивни мисли, во комбинација одговара аромата на циметот.
Црвената боја, која ја сакаат страсните личности, одлично оди во комбинација со мирисот на зачинот каранфилче.
Релаксирачкиот амбиент на просторот со светлосината нијанса ќе биде надополнет со аромата на лавандата која смирува и опушта.